Минатата година „Самсунг“ го претстави хибридот „галакси ес 4 зум“, а оваа е подготвен да го замени со уште поинтересен уред.
Тоа е „галакси К-зум“, кој нуди комбинација од 20,7 МП 1/2.3 БСИ ЦМОС-сензор, блиц „ксенон“ и 10х оптички зум со стабилизатор на сликата.
Нуди уште 4,8-инчен супер АМОЛЕД-дисплеј со резолуција 1280x720 пиксели, процесор со шест јадра со фреквенција 1.3ГХз и дуал-кор со фреквенција 1.7ГХз, 2ГБ РАМ, 8ГБ внатрешна меморија и батерија со капацитет 2.430 милиампер-часа.
Оперативниот систем е „Андроид 4.4 киткет“. Меѓу софтверските карактеристики пронајдовме „Автофокус/Автоекспоушр“ (AF/AE) и режим „про саџест“, кој нуди избор на филтри, како и тајмер за самослик-фотографии

No comments:
Post a Comment