Сигурносните сензори за отпечаток на прстите кои првпат се појавија на мобилните апарати на „Ејпл“, „Ај Фон С5“ беа револуционерен напредок, но постојат и други начини корисниците да се идентификуваат.Скенерот за очи е многу напредна технологија, а според различните наводи на јужнокорејскиот гигант „Самсунг“ се разгледува можноста да ја интегрира во својот најнов модел на мобилниот телефон „Галакси 5С“
Не е сигурно дали „Самсунг“ сам ќе ја развива таа унапредена технологија, или ќе ги презема веќе постоечките решенија за скенер и ќе ги прилагоди за мобилниот апарат или пак ќе преземе некоја фирма која произведува скенери за очи.
Стручњаците сметаат дека оваа технологија ќе им овозможи на Јужнокорејците да стекнат завиден примат на пазарот.



