Monday, May 19, 2014

Самсунг Галакси 5С ќе има и скенер за очи

Сигурносните сензори за отпечаток на прстите кои првпат се појавија на мобилните апарати на „Ејпл“, „Ај Фон С5“ беа револуционерен напредок, но постојат и други начини корисниците да се идентификуваат.
Скенерот за очи е многу напредна технологија, а според различните наводи на јужнокорејскиот гигант „Самсунг“ се разгледува можноста да ја интегрира во својот најнов модел на мобилниот телефон „Галакси 5С“

Не е сигурно дали „Самсунг“ сам ќе ја развива таа унапредена технологија, или ќе ги презема веќе постоечките решенија за скенер и ќе ги прилагоди за мобилниот апарат или пак ќе преземе некоја фирма која произведува скенери за очи.
Стручњаците сметаат дека оваа технологија ќе им овозможи на Јужнокорејците да стекнат завиден примат на пазарот.

(ВИДЕО) Galaxy S5 – Самсунг го презентираше најновиот водоотпорен телефон

Јужнокорејски „Самсунг“ синоќа го презентираше најновиот модел на мобилен телефон Galaxy S5. На Светскиот конгрес за мобилни апарати, што се одржа во Барселона, „Самсунг“ го претстави водоотпорниот телефон со исклучително издржлива батерија.

Екранот на на овој телефон е 5.1-инчен, наспроти 5-инчниот на неговиот претходник. Резолуцијата е Full HD, а процесорот Qualcomm Snapdragon 800 со 4 јадра и 2GB RAM меморија. Уредот е отпорен на вода и прашина, може да издржи 30 минути потопување во околу еден метар вода.

Оперативниот систем е Android 4.4 KitKat, а смартфонот располага и со LTE, NFC, WiFi, Bluetooth, IR и мноштво на други технологии. Меѓу нив е и сензор за отпечатоци.

Телефонот ќе започне да се продава на пазарот на 11-ти април во над 60 земји во светот, а тогаш ќе се знае и неговата цена.

Меѓутоа конкурентите веќе го нападнаа. HTC не издржа и веднаш одговори на промоцијата на Samsung Galaxy S5 со своја порака до купувачите дека ќе се каат ако го купат смартфонот. Тие треба само да се стрпат до 25 март кога официјално ќе биде промовиран новиот премиум модел HTC One 2, велат од HTC.

Повеќе за тоа како изгледа новиот модел на Самсунг, погледнете во видеото од официјалната промоција:

http://www.youtube.com/watch?v=E9J611BuXhw

СПОРЕДБА: Новиот Самсунг Галакси С5 наспроти конкуренцијата

Самсунг официјално го претстави најновиот Галакси телефон, С5. Еве преглед како стои со перформанси најпопуларниот телефон на светот со свите главни конкуренти.



Претставен „самсунг галакси К-зум“

Минатата година „Самсунг“ го претстави хибридот „галакси ес 4 зум“, а оваа е подготвен да го замени со уште поинтересен уред.

Тоа е „галакси К-зум“, кој нуди комбинација од 20,7 МП 1/2.3 БСИ ЦМОС-сензор, блиц „ксенон“ и 10х оптички зум со стабилизатор на сликата.

Нуди уште 4,8-инчен супер АМОЛЕД-дисплеј со резолуција 1280x720 пиксели, процесор со шест јадра со фреквенција 1.3ГХз и дуал-кор со фреквенција 1.7ГХз, 2ГБ РАМ, 8ГБ внатрешна меморија и батерија со капацитет 2.430 милиампер-часа.

Оперативниот систем е „Андроид 4.4 киткет“. Меѓу софтверските карактеристики пронајдовме „Автофокус/Автоекспоушр“ (AF/AE) и режим „про саџест“, кој нуди избор на филтри, како и тајмер за самослик-фотографии

Општо за компанијата Самсунг

Самсунг групацијата е мултинационална компанија со седиште во Самсунг Таун, близу Сеул во Јужна Кореја. Групацијата се состои од поголем број на ограноци со заедничко име под брендот Самсунг. Најпознатиот огранок е Самсунг Електроникс, еден од најголемите произведувачи на електроника во светот.